На колку месеци се читаат водомерите?
Читањето на состојбата на водомерите, согласно позитивните законски прописи, се врши секој трет месец, а сметката Ви ја доставува вашиот инкасатор секој месец. За месеците кога не се читаат водомерите, сметките се изготвуваат согласно просечната месечна потрошувачка утврдена помеѓу две извршени читања.
повеќе
Колку изнесува цената за м3 вода?
Износот за м3 вода е различен, во зависност од тоа дали се работи од една страна за м3 вода со или без канализација и од друга страна дали се работи за домаќинство или стопанство.
повеќе
Што треба да направам за да извршам промена на име на водомер?
Потребно е да поднесете Барање за промена на име корисник, во дирекцијата на ЈП Водовод и канализација-Скопје, во Службата за наплата, на ул.Вељко Влаховиќ бр.11, на приземје.
повеќе
Како сам да го прочитам својот водомер?
Во водоводниот систем на Град Скопје во употреба се водомери од марките INSA, IКОМ и ABB.
повеќе
Како да ја намалам сметката на вода?
Повеќето од луѓето имаат лоша навика да ја оставаат славината да тече додека ги мијат забите, додека се бричат или ја истекуваат водата за пиење. Тоа е добар начин непотребно да се потроши огромна количина на вода секојдневно. Затворајте ја славината кога миете заби или се бричите ќе заштедите 20 литри.
повеќе